Сеопфатно новинарство и известување за различностите беше една од темите за кои се дискутираше на работилницата што ја организира Високата школа за новинарство и односи со јавноста на 14 и 15 јули, во Скопје.

Во текот на работилницата беа претставени примери на известување за различностите од повеќе држави во Европа, a се разгледаа и препораки од Европската унија за радиодифузија (European Broadcasting Union) и Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (European Union Fundamental Rights Agency) за ефикасно секојдневно известување на медиумите на полето на различностите.

Сегашните и идните новинари кои учествуваа на работилницата подготвија медиумски содржини за радио, телевизија, печат и онлајн медиуми во кое се одразуваат и разработуваат различностите во нашето општество.

Содржините наскоро ќе бидат поставени на веб-страницата на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и меѓусебно разбирање (http://unescochair-vs.edu.mk), формирана при Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Работилницата е дел од активностите на Катедрата на УНЕСКО, која и понатаму активно ќе дејствува на полето на промоција и поттикнување на професионалното новинарство со различни програми и иницијативи.