Како се конструира пристрасноста во новинарското известување и како медиумите известуваа за локалните избори е тема на денешната телевизиската дебата што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Тера Телевизија ја организираат во Народниот театар во Битола.

На настанот ќе се презентираат наодите од анализата на медиумското врамување на политичките актери во кампањата за локалните избори. Дополнително една од точките на дебата ќе бидат и можните излезни решенија за надминување на состојбата: што нуди новиот предлог закон за медиуми во делот на постигнување на демократските цели на регулацијата, а што иницијативите за почитување на етичките правила во вршењето на новинарската професија.

На дебатата ќе учествуваат уредници, новинари, професори, преставници на невладини организации, експерти, претставници на државни и јавни институции, преставници на меѓународната заедница и студенти на Високата школа. Дискусијата ќе се емитува во живо на регионалната ТВ станица Тера од Битола и на видео-стриминг кој ќе може да се следи на следните веб страници:` www.vs.edu.mk, www.unescochair-vs.edu.mk и www.tera.mk.

Ова е трета дебата во рамките на активностите на проектот „Набљудување на известувањето на медиумите за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“, кој Високата школа го реализира со поддршка од Амбасадата на Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Во набљудувањето беа вклучени 21 медиум, избрани според влијанието што може да го имаат врз публиката, односно според податоците за нивната гледаност, слушаност и читаност. Сите досегашни извештаи од набљудувањето и  квалитатативната анализа се достапни на веб страницата www.vs.edu.mk, www.unescochair-vs.edu.mk.

Прва анализа - Механизам за набљудување
Втора анализа - Механизам за набљудување
АГЕНДА
Соопштение за јавност