Како се конструира пристрасноста во новинарското известување и како медиумите известуваа за локалните избори беше тема на телевизиската дебата што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Тера Телевизија ја организираа во Народниот театар во Битола.

На настанот беа презентирани наодите од анализата на медиумското врамување на политичките актери во кампањата за локалните избори во 2013 година. Дополнително една од точките на дебатата беа и можните излезни решенија за надминување на состојбата: што нуди законската регулатива во делот на постигнување на демократските цели на регулацијата, а што иницијативите за почитување на етичките правила во вршењето на новинарската професија.

На дебатата учествуваа уредници, новинари, професори, претставници на невладини организации, експерти, претставници на државни и јавни институции, преставници на меѓународната заедница и студенти на Високата школа. Дискусијата беше емитувана во живо на регионалната ТВ станица Тера од Битола и на видео-стриминг.

Дебатата беше организирана во рамки на проектот „Набљудување на известувањето за партиско – политичките и меѓуетничките прашања во текот на предизборниот период“, кој Високата школа го реализира со поддршка од Амбасадата на Холандија и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

Во набљудувањето беа вклучени 21 медиум, избрани според влијанието што може да го имаат врз публиката, односно според податоците за нивната гледаност, слушаност и читаност.

Прва анализа - Механизам за набљудување
Втора анализа - Механизам за набљудување