windesheim300x200

Универзитетот од Виндесхејм е еден од најголемите универзитети за применети науки во Холандија. Тој нуди студиски програми во повеќе од педесет дисциплини, со нагласок на практична едукација фокусирана на студентите. Високата школа остварува соработка со две посебни студиски програми при овој универзитет: (1) Новинарство и медиуми и (2) Бизнис и Комуникациски студии. http://www.windesheiminternational.nl/

danishschool

Данската школа за медиуми и новинарство е најстарата и најголема високообразовна институција во Данска која нуди образование за новинари. Таа нуди студиски програми од прв циклус во следните области: новинарство, комуникации, дизајн, фотографија, медиумска продукција и менаџмент. Во соработка со Универзитетот од Архус, таа нуди и магистерски студии по новинарство, како дел од Еразмус Мундус. http://www.dmjx.dk/

linkoln

Школата за новинарство при Универзитетот од Линколн е отворена во ноември 2004 година од познатиот новинар-истражувач Џон Пилгер. Студиите по новинарство на Линколн се специфични по тоа што нудат низа клучни тематски области: новинарство и човекови права, компаративна историја на печатот и медиумите, истражувачко новинарство и регулација и професионални стандарди на новинарите. https://www.lincoln.ac.uk/home/journalism/

ljubljana-univerzitet

Факултетот за општествени науки е еден од најголемите факултети на Љубљанскиот универзитет. Тој нуди 13 додипломски студиски програми и 17 програми на постдип¬лом-ски студии. Високата школа остварува соработка со Отсекот за комуникации на овој факултет, во рамки на кој работат три катедри: Катедрата за новинарство, Катедрата за медиуми и Катедрата за маркетинг комуникации и односи со јавноста. http://www.fdv.uni-lj.si/

doba-maribor

Факултетот за применети деловни и општествени науки од Марибор е модерна бизнис школа која е позната по своите современи студиски програми по бизнис, менаџмент и маркетинг што се реализираат преку учење од далечина. Стратегијата за Е-учење на ДОБА се потпира врз иновативни педагошки пристапи засновани врз информатички технологии и нови медиуми. http://www.eng.doba.si/
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е членка на Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (Global Alliance for Partnership on Media and Information Literacy - GAPMIL), иницирана од УНЕСКО, Алијансата на цивизации при ОН (UNAoC), УНИЦЕФ, Фондацијата Отворено општество, ИРЕКС, Европската Комисија и други агенции при ОН кои здружено работат во остварување на следната цел: промовирање меѓународната соработка преку која ќе им се овозможи на сите граѓани ширум светот да се стекнат со неопходната медиумска и информациска писменост. Овој тип писменоост посебно е насочен кон децата и младите, кои се ставени пред предизвикот и неизбежноста да се здобијат со нови знаења и вештини врзани за употребата на медиуми, информации, нови технологии кои интензивно се развиваат во 21-виот век.

wester-carolina

Колеџот за уметности и науки вклучува единаесет оддели, меѓу кои и Одделот за комуникации кој нуди програми по радиодифузија, маркетинг во радиодифузија, меѓучовечка комуникација, новинарство и односи со јавност. Обележје на овој Универзитет е врвната технологија и опрема: електронски училници, компјутерски лаборатории, дигитално ТВ студио од светски ранг и единствената локална FM радио станица во регионот. http://www.wcu.edu/

miroven-institut-ljubljana

Мировниот институт – Институтот за современи општествени и политички студии – е непрофитна истражувачка институција која развива интердисциплинарни истражувања во различни области на општествените и хуманистичките науки. Центарот за медиумска политика работи во четири тематски области: набљудување на медиумите (мониторинг, истражување и известување за медиумските практики и медиумската политика), медиумски плурализам, медиумите и малцинствата и пристап до информации од јавен карактер. http://www.mirovni-institut.si/

institut-razlicnosti-london

Институтот за различности во медиумите е меѓународна организација чија цел е да го поттикнува и олеснува одговорното медиумско известување за различностите. MDI спроведува низа активности: конференции со уредници, менаџери и медиумски сопственици, работилници со новинари, јакнење на медиумски организации, развивање предмети за известување за различности во школи и факултети за новинарство, обуки за лобирање за невладини организации, објавување прирачници и материјали со ресурси, истражувања и мониторинг на медиуми и др. http://www.media-diversity.org/

filozofski-fakultet-sk

Филозофскиот факултет е најстарата високо образовна институција, во рамките на која функционираат 12 институти, меѓу кои и Институтот за безбедност, одбрана и мировни студии. Овој Институт нуди студиски програми за мир и безбедност, анализа на конфликти и разрешување на конфликтите. Во рамки на овој институт, во 2012 година, е формирана Катедра на УНЕСКО за интеркултурни студии и истражувања. http://www.fzf.ukim.edu.mk/

institut-za-socioloski-i

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања е дел на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Неговата основна дејност е развој на научните истражувања на различни општествени, политички, културни и други феномени во општеството. Центарот за комуникации, медиуми и култура спроведува истражувања на односот помеѓу комуникациите и информатичките технологии, влијанието на комуникациите врз културните промени, како и улогата на медиумите во општеството. http://www.isppi.ukim.edu.mk