Тимот истражувачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста има специјализација во различни области на општествените науки. Интердисциплинарноста обезбедува сеопфатен пристап кон проблемите со кои се занимава Катедрата за Медиуми, дијалог и заемно разбирање.

Статутот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја гарантира автономијата на истражувачите во нивната истражувачка дејност. Со тоа се обезбедува непречен развој на академските и применетите истражувања во областа на меѓукултурниот дијалог и медиумите; овозможува разгранување на иновативни идеи и правци во истражувањата што се поврзани со потребите на академијата, но пред се на практичарите чија секојдневна работа има директни последици врз етничкиот и верскиот соживот.

Истражувачкиот тим на ИКС располага со тесна експертиза во следниве општествени области:

  • Комуникациските науки и науките за новинарството – експерти во областа на медиумите, етиката во новинарството, медиумската култура, истражувања на медиумите и публиките, истражувања на медиумите и новинарството, како и улогата на јавните радио - дифузери.
  • Социолошки науки - експерти  во областа на методологијата на социолошки истражувања, медиумите и општествените класи, влијанието на новинарската продукција врз јавноста.
  • Медиумско право - експерти во областа на медиумската политика, историја на медиумската легислатива, медиумската регулација и само - регулација.
  • Политикологија - Експерти во областа на компаративната политика, национализмот, мултикултурализам, етницитетот, во областа на мултикултурализмот, колективните идентитети и либерализмот.
               
доц. д-р Снежана Трпевска м-р Игор Мицевски м-р Жанета Трајкоска м-р Марина Тунева проф. д-р Весна Шопар