Катедра на УНЕСКО за Медиуми, дијалог и заемно разбирање
при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

Катедрата за Медиуми, дијалог и заемно разбирање е основана при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во јуни 2011 година, со одлука на организацијата на УНЕСКО Париз.

Цели на Катедрата

Целта на Катедрата е да придонесе кон зајакнување на општествената кохезија, заемното разбирање и интеркултурната комуникација меѓу различните културни групи. Во таа насока, Катедрата ќе промовира интегриран систем на образовни активности, истражувања, обуки, информирање и издавачка дејност во областа на медиумите, новинарството и комуникациите со силен нагласок на интеркултурната комуникација и различностите. Катедрата ќе ја  поттикнува соработката на меѓународно истакнати истражувачи и професори од Високата школа, од другите институции од земјава и од странство.

Конкретните цели на Катедрата се:

  • зајакнување на аспектите на интеркултурната комуникација во рамки на постдипломските студии по новинарство и по комуни¬кации, со цел студентите на новинарство и идните стручњаци во односите со јавноста да ги усвојат и да ги применуваат вредностите на инклузивното општество, различностите и интеркултурализмот.      
  • иницирање и спроведување академски и применети истражувачки проекти поврзани со културната разновидност, медиумскиот плурализам и интеркултурната комуникација;
  • публикување на учебници, прирачници и други едукативни материјали во двете студиски области со цел да се унапреди теоријата и да се збогати знаењето и споделувањето на искуства меѓу новинарите, стручњаците во односите со јавноста, меѓународните и локалните експерти;
  • развивање и објавување на медиумски производи за теми поврзани со културната разновидност, интеркултурната  комуникација, заемно разбирање и дијалог меѓу граѓаните и заедниците;
  • воведување нова Веб платформа како онлајн едукативен ресурс и јавен форум со цел да се подигне свеста за прашањата на културната разновидност, да се зајакне дијалогот меѓу припадниците на различните заедници, да се поттикне широк процес на едукација за човекови права и на граѓаните да им се помогне да партиципираат во процесот на добро владеење;    
  • воспоставување нови мрежи и партнерства меѓу високообразовните институции, истражувачките институти, невладините организации, медиумите, јавниот и приватниот сектор.

Досегашни активности

  • Развиени се нови предмети и содржини за различностите и интеркултурната комуникација во рамки на постојните програми за новинарство и за односи со јавноста;
  • Акредитирани се нови магистерски студии од втор циклус: Менаџирање на медиуми и мултимедија и Менаџирање на стратегиски комуникации  
  • Формиран е Институт за комуникациски студии чија цел е да ја развива научно-истражувачката дејност во областа на новинарството, интеркултурната комуникација и сродни области; 
  • Реализирани се неколку научно-истражувачки проекти за известувањето за различностите и за улогата на медиумите во општествената кохезија;
  • Востановен е Механизам за следење и реакција на медиумското известување за сензитивни меѓуетнички и меѓу верски теми
  • Публикувани се повеќе печатени и онлајн едукативни ресурси, истражувачки студии, прирачници и учебници за интеркултурната комуникација и за различностите;
  • Организирани се голем број јавни дебати, работилници и обуки за известување за различности за новинари и за специјалисти за комуникации;
  • Склучени се договори за соработка со десетина високо-образовни и научно-истражувачки институции од странство.